ARTY NAILS SAND DUNE KERATIN/PROTEIN BUILDER GEL #13

1,500.00 ден2,500.00 ден

Нашата најпродавана линија на кератински гелови е збогатена со две нови нијанси: Minimal Chic и Sand Dune. Но, тоа не е единствената новост! Оваа патентирана формула веќе освои илјадници корисници благодарение на својот уникатен состав кој содржи кератин и фибер, а сега ја збогативме и со протеини.

🔹 Што значи тоа за вас и вашите клиенти?
Уште поздрави, поцврсти и поотпорни нокти! Геловите ги задржуваат истите својства – лесни за работа, без потреба од дополнително турпање, самонивелирачки, со прекрасни бои, а благодарение на нивната леснотија, времето за изработка на ноктите се скратува и до половина час.

Благодарение на протеините, ова е единствена и нежна формулација која ги штити ноктите од хемиски и термички оштетувања. По полимеризацијата, гелот задржува одреден степен на еластичност, прилагодувајќи се на нокатната плоча. Звучи неверојатно, нели?

Сигурни сме дека ќе бидете повеќе од воодушевени од овие два нови убавци, особено затоа што се најбараните нијанси на nude гелови.

Без чувство на печење
Без мирис
Совршено прилепување – не се одвојува
No file техника – без турпање
Самонивелирачки
Без разлевање
Исклучително лесен за работа
Екстремно цврст
Погоден за многу долги нокти
Додадени протеини
Уникатна формула на пазарот

Време на сушење: 1 до 2 минути во LED ламба (во зависност од јачината и квалитетот на ламбата).

SKU: N/A Категорија

Дополнителни информации

Милилитража

15ml, 50ml